Повеќе од три часа гори станбена зграда во Тетово, нема повредени

Пожар избувна во стамбена зграда на улицата „Илинденска“ во Тетово попладнево во 16.30 часот.

Огнот се уште не е изгаснат и нема повредени, зашто станарите по појавувањето на чадот, навреме ги напуштиле своите домови.

Според неофицијални информации, гасењето се одвива под отежнати околности поради немањето скали за висококатница, а истовремено и поради тоа што пукнало цревото за вода за време на гасњето.

Причините за избувнувањето на пожарот се уште не се познати.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари