Полицаец до граѓанин: Ќе те влечам по улица (СВЕДОШТВО ОД КЛИНИКА)

Припадник на полицијата денеска на влезот на Клиничкиот центар во Скопје се изживувал врз поранешниот новинар на А1 и Коха, Фитим Криезуи, кој поради итен случај со неговата мајка сакал побрзо да помине низ рампата за да стигне до Клиниката за кардиологија, објави А1он.

Криезиу за А1он раскажа дека полицаецот се изжуивувал и му се заканувал пред целото семејство, додека сите граѓани кои биле сведоци немо ја следеле ситуацијата.

-Полицаецот ми се закануваше, викаше дека ќе ме влече по тротоарот по што тргна физички да ме нападне само заради тоа што јас инсистирав да поминам преку ред поради итниот случај кој го имав, вели Криезиу за А1он.

Извор: а1он

Поврзани

Најнови вести

Коментари