По мораториумот, издадени се 21 одобрение за градба, но Општина Центар нема да дозволи шеесеткатница кај „Холидеј ин“

По донесувањето на одлуката за мораториум, Општина Центар има издадено 21 одобрение за градби, од кои 6 се за градење нови градби во ДУП Градска четврт Ј07, едно одобрение од ДУП Француски гробишта и едно од ДУП Дуќанџик, ДУП-ови за кои не важи мораториумот. Меѓу овие одобренија, 13 се за градба чија постапка со барање за градење е почната во периодот пред да почне да важи мораториумот.

„Ние не можеме ретрокативно да стопираме изградба на објекти за кои веќе е издадено решение. За некои од нив решението е издадено во 2016 година, а сега почнуваат со градба. Таму каде што постоеше правен механизам, ние ги стопиравме, но има и случаи каде што би ризикувале тужби за кои подоцна ќе треба да се плаќаат големи отштети. Во изминатите 5 години не е направен детален урбанистички план и сега се обидуваме да ги усогласиме дуповите и да коригираме таму каде што е тоа можно“, рече Богдановски на денешниот брифинг со новинарите.

Нема да се гради шеесеткатница кај плацот на паркингот кај хотелот „Холидеј ин“, туку, според Богдановиќ, ќе се гради нешто посоодветно.

„Таму станува збор за земјиште во приватна сопственост. Никако нема да се дозволат такви огромни градби, ќе се гради некој помал објект“, рече Богдановиќ.

Одлуката за запирање градби е донесена со одлука на Советот и се однесува на 31 детален урбанистички план, и таа не може да важи за одобренија за градба поднесени пред 27.12.2017.

Како што соопшти тој, исклучок биле само три детални урбанистички планови: Градска четврт Ј07, Француски гробишта и ДУП Дуќанџик, чие донесување било по Генералниот урбанистички план.

Сите други одобренија што се поднесени и пуштени преку електронскиот систем на ЗЕЛС, „Е-одобренија“, се однесуваат на адаптација (18), пренамена (3), реконструкција (16), доградби и надградби (5) и инфраструктурни одобренија за атмосферска, фекална, канализација за улици, одобренија за водоводна мрежа (16).

Богдановиќ нагласи дека има информации за 6 плана што треба да бидат ставени на дневен ред на седница зашто граѓаните што живеат таму дале поддршка за нив.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари