Општина Кисела Вода ќе започне кампања за поголема безбедност на учениците во училиштата

Во понеделник, со започнување на новата учебна година, Општина Кисела Вода ќе започне кампања за поголема безбедност на учениците во училиштата кои се под нејзина надлежност.
Оваа кампања локалната самоуправа ќе ја спроведе во соработка со СВР Скопје – одделение за превенција, ПС Драчево и ПС Кисела Вода.

Активностите ќе се реализираат на тој начин што на родителите и учениците во училиштата ќе им се дели пропаганден материјал со едукативна содржина.

Кампањата за поголема безбедност во училиштата ќе започне во ОУ „Рајко Жинзифов“ – Драчево со почеток во 8.30 часот каде што претседателот на Советот на Општина Кисела Вода Дарио Шимиќ, претставници од ПС Драчево и СВР Скопје – одделение за првенција на учениците и родителите ќе им поделат едукативен материјал.

Додека, градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски во 9.30 ќе биде присутен во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, каде што заедно со претставници од ПС Кисела Вода и СВР Скопје – одделение за превенција ќе ги поздрават учениците, ќе ги едуцираат и ќе им поделат едукативен материјал. Дел од оваа едукативна кампања ќе биде и секретарот на општината Александар Алексовски, кој заедно со претставници од ПС Кисела Вода и СВР Скопје – одделение за превенција во 11 ќе бидат дел од кампањата во ОУ „Круме Кепески“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари