Општина Центар е одблокирана и враќа долгови од претходните

Ја известуваме јавноста дека проблемите со блокадата на општинската сметка се надминати, платите се исплатени и сите сектори и одделенија во општината функционираат нормално и според предвидената динамика, соопштија од општина Центар како одговор на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Општина Центар и новото општинско раководство, предводено од градоначалникот Саша Богдановиќ, во изминатиот период расчистува стари, наследени долгови од претходните општински раководства.

Од 120 милиони денари наследени долгови, исплатени се 96 милиони, а во наредниот период ќе се надоместат и останатите 24 милиони денари. Кредитниот лимит на општината е многу подобар од претходно, долговите се намалуваат, а се започнуваат нови проекти согласно програмата за работа на Општина Центар, соопштија од таму.

Поврзани

Најнови вести

Коментари