Од понеделник топли радијатори – почнува грејната сезона

Граѓаните и правните субјекти во Скопје кои се поврзани на централниот систем на топлинска енергија, од понеделник, 15 октомври 2018 година ќе почнат да добиваат топлинска енергија, сe до 15 април 2019, кога трае регулираниот период за редовна испорака, информираат од „БЕГ снабдување“.

„Во рамките на овој период, испораката на топлинска енергија се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната комисија за енергетика“, соопшти компанијата.

Годинава, споредено со лани, бројот на нови потрошувачи е зголемен.

„За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Прилог 3), или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 02 3076 200 и на 075 400 100 или преку е-пошта на: [email protected] “, се додава во соопштението.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари