Од оваа година повеќе деца во градинките во Центар

Советниците на општина Центар усвоија согласност за зголемување на капацитетот за прием на деца во оопштинските градинки.

Советот на општина Центар вчера ја одржа 16 -тата седница, на која меѓу останатите точки беше усвоено од оваа година градинките во Центар да примаат повеќе деца.

„Од оваа година, градинките „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, со своите клонови, ќе го зголемат процентот на примени деца“, се вели во соопштението испратено од општина Центар.

На седницата пред советниците исто така се најдоа и други точки. Тие ги усвоија и предлог извештаите за работа на седумте основни училишта, како и извештаите за програмта за изведување на ученички екскурзии и други слободни активности на учениците, велат во соопштението од општината.

Оттаму додаваат, седницата советниците ја прекинаа на 18-тата точка и продолжението на истата го закажаа за крајот на август, кога и ќе се донесуваат одлуките за изменување и дополнување на БЛОК 9 и БЛОК 24 од ДУП-от Ј 07 – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

Град Скопје вчера реагираше по обвинувањата за комарците. Од Градот велат дека поради зголемените врнежи во изминатиот период, се создала поволна клима за нивно брзо размножување, па одлучиле третото авионско прскање, наместо два, да трае 4 дена, почнувајќи од денес, а копненото прскање да трае од понеделник до петок.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари