ВЛАДИН ПРОЕКТ

Нова спортска сала во Кисела Вода

Независна Македонија е името на новата повеќенаменска спортска сала која деновиве беше пуштена во употреба во ОУ "Невена Георгиева Дуња" во Општина Кисела Вода. Таа е 17-та по ред и е дел од владиниот проект за изградба на 35 спортски сали и 50 фудбалски игралишта.

Спорската сала е со професионални димензии наменета за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, тенис, гимнастика, пинг-понг..., со капацитет од 500 седишта.

До крајот на оваа година треба да профункционираат сите 35 спортски сали низ земјава.

Поврзани

Најнови вести

Коментари