Инцидент во позната скопска сендвичара

Нема да си одите додека јас не се најадам

Гладен скопјанец не им дозволил на вработените од позната сендвичарница да го затворат локалот, по што тие морале да повикаат обезбедување.

Инцидентот се случил во вторникот на полноќ кога по завршувањето на работното време, вработените од локалот кој се наоѓа во Карпош се нашле во незгодна ситуација кога лицето им побарало да го услужат.

Тој застанал пред локалот и не им дозволувал да си заминат додека не му приготват сендвич.

Поради дрското однесување вработените биле приморани да повикаат обезбедување, по што лицето си заминало.

Поврзани

Најнови вести

Коментари