Наталитет: Карпош се празни, Чаир се полни

За прв пат детално истражените и објавени демографски податоци од 2014/15 година, како тенденција продолжуваат и понатаму.Макеоднците исчезнуваат, и биолошки.

Тримесечие податоци за наведениот период покажуваат дека во Карпош се намалил бројот на жители за 48. Останатите скопски општини бележат позитивен прираст, но има огромни разлики од општина до општина. Чаир и Сарај добиле плус 109 нови жители, додека Кисела Вода само еден, а четири Гази Баба. Статистичарите објаснуваат дека Карпош е општина со најстаро население и очекуванана е ваквата ситуација

Се намалува бројот на новороденчиња, а се зголемува на починати лица во Македонија. Запрепастувачки податоци покажуваат бројките на Државниот завод за статистика. Според нив, во последните три месеци во 2014 година, споредено со последното тримесечие во 2013 година бројот на живородени деца е намален за 1.1 отсто и изнесува 5853 новороденчиња. Истовремено се зголемил за 1,6 проценти и бројот на уремени лица и изнесува 5098. Природниот прираст изнесува 755 лица.

Најголем дел од новородените според наведеното истражување се во главниот град и нивниот број изнесува 1706, а природниот прираст за последното тримесечие лани е 381.
Сепак, бројките покажуваат драстична разлика од општина до општина. Речиси сите скопски општини бележат позитивен прираст, освен општина Карпош. Статистиката во оваа општина забележала дека само во последните три месеци лани општината останала без 48 жители, односно бројот на умрени лица, за оваа цифра, бил поголем од бројот на новороденчиња.

Општините Карпош и Кисела Вода се општини со старо население, затоа и се очекува кај нив да има пад во природниот прираст. За разлика од нив Аеродром е општина со младо население и затоа и бројките таму се позитивни, велат статистичарите.

За разлика од Карпош наталитетот во нагорна линија оди во општините со мнозинство албанско население, Чаир и Сарај. И во двете општини за истиот период општините добиле 109 нови жители.
Од општините во Скопје со мнозинство македонско население Аеродром е општината со највисок наталитет. Во оваа општина може да се забележува дека 58 нови жители добила во трите месеци на крајот на годината лани.

И останатите општини барем како што велат податоците се соочуваат со намален наталитет. На пример бројките за Кисела Вода велат дека во октомври, ноември и декември оваа општина добила само еден жител плус. Не поразлична е и Гази Баба која добила само 4 нови жители. Од останатите општини Бутел ја збогатила општината за 33 нови жители, Ѓорче Петров со 37, Центар со 13. По Чаир и Сарај, Општина Шуто Оризари е трета по ред што брои најголем прираст. Оваа општина добила 65 нови жители во последното тримесечие во нведениот период

Поврзани

Најнови вести

Коментари