Мотоциклист се наоѓа во животна опасност по сообраќајка во Струмица

Дваесет и тригодишен мотоциклист се наоѓа во животна опасност по сообраќајка на регионалниот пат Струмица-с.Куклиш-с.Банско

„На регионалниот пат дошло до судир помеѓу мотоцикл „Априлија“ со струмички регистарски ознаки, управуван од С.С. (23) од Струмица и патничко возило „Хонда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.З. (42) од Струмица. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот С.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Струмица бил префрлен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје и се наоѓа во животна опасност“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари