Лажно се претставил како доктор и му зел 12.000 денари

Шеесет и три годишен маж бил измамен од непознат сторител во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Додека чекал со неговата сопруга во Одделот за ортопедија, непознат маж му се претставил како доктор вработен во клиниката и почнал да му објаснува за болеста на неговата сопруга. Тој му понудил дека може да им помогне да ја забрза процедурата за терапијата, по што на човекот му земал 12.000 денари. Откако лицето ги земало парите не се вратило повеќе.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари