Кривична за разбојник кој крадел радијатори и вентили од УЈП-Струга

Струшката полиција поднесе кривична пријава против Н.М. (34) поради сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.

Како што информираат од МВР, Н.М. ги сторил делата во периодот од 25-ти декември минатата година до 14-ти јануари годинава во магацински простор и во даночното оделение на Управата за јавни приходи во Струга, како и во помошна просторија во струшкото село Радолишта.

Во објектот на даночното одделение на Управата за јавни приходи Струга влегол со употреба на сила и тврд предмет и одзел радијатори и вентили, предизвикувајќи материјална штета околу 60.000 денари. Во магацинскиот простор влегол со употреба на сила и погоден алат и одзел еден апарат за швајцување, две брусалици, 50 метри електричен кабел и една поголема вреќа со бакарни жици и кабли. На тој начин предизвикал материјална штета од околу 32.500 денари. Во помошните простории во Радолишта влегол со помош на клучот кој бил оставен до вратата и одзел една моторна пила, флекс машина и комплет кутија со алати со што причинил материјална штета од 40.000 денари.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари