Кражба од магацинот на Цементарница Усје

Тешка кражба била извршена од магацинот на Цементарница Усје во Скопје. Според полицијата, од страна на Цементарницата било пријавено дека во периодот од 1 јануари до 8 март годинава во фабриката била извршена тешка кражба на резервни делови кои се користеле во процесот на производство.

Кражбата била извршена во магацинот кој се наоѓал во кругот на фабриката, при што се одземени 55 парчиња РОСТ плочи и 35 парчиња надворешен излезен сегмент за печка со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 850.000 денари. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари