Косовец се обидел да помине граница со фалсификувани документи

Косовец со лажен бугарски пасош се обидел да ја помине границата кај „Свети Наум“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Вчера во 18,40 часот на Граничен премин „Св. Наум“ на излез од Република Македонија, со автобус „Мерцедес“ со косовска регистарска ознака се пријавил П.Ц.И.(42) од Р.Бугарија. Од страна на полициските службеници по извршена пасошка контрола утврдено е дека патната исправа евидира како изгубена/украдена, при што истата со потврда за привремено одземени предмети е одземена. При дополнителна проверка во личните документи на лицето (лична карта, патна исправа и возачка дозвола) утврдено е дека истите се фалсификувани. Лицето изјавило дека неговиот вистински идентитет е У.М.(41) од Приштина“, сппшти МВР.

Државјанинот на Приштина бил предаден на полициски службеници од Регионален центар Запад за понатамошна постапка.

 

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари