Комплетна реконструкција на улицата Капиштец во Центар

По повеќе од 30 години, поставен е нов асфалт и коловоз во површина од 2.600 метри квадратни и нови рабници во должина од 280 метри на улицата Капиштец во општина Центар. Реконструиран е и тротоарот со површина од 520 метри квадратни, а во соработка со ЕВН, каблите од кабелските оператори се спуштени под земја.

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, денеска на прес-конференција ја презентираше новата, реконструирана улица.

„За прв пат на оваа улица поставивме атмосферска канализација во вкупна должина од 260 метри. Во неа ќе се сливаат надворешните и атмосферски води, со што ќе се реши горливиот проблем на жителите на овој дел од Центар. Воедно, поставени се и нови 14 ревизиони шахти, за сливање на поголеми количества на отпадни води“, рече Богдановиќ.

По завршување на зафатот на улицата „Капиштец“, општината продолжува со акцијата за реконструкција на улиците со „Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“ и улицата „Караорман“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари