Енвер Гемак не е единствената статива

Кого Шилегов назначи да ги води работите во Скопје

Над стотина лица во четвртокот се назначени за членови на Управните и Надзорните одбори на јавните прептријатија и градинките на територија на град Скопје, пишува порталот Денешен.мк.

Претседателката на Советот, Љубица Јанчева, одби да ги даде на увид на јавноста биографиите на личностите кои се назначија за членови, а советничкото мнзоинство на СДСМ ги изгласа.

Освен тоа што претставува прекршување на една пракса од минатото, советниците на ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека се предлагаат луѓе кои не ги исполнуваат законските услови, а причината зошто не се соопштува нивната биографија е поради тоа што повеќето наместо докажани професионалци се партиски војници.

-Преку истражувањето кое ние го направивме, може да се видат дека се назначени партиски активисти, членови на партиски тела на СДСМ, вработени во владата и кабинетот на Петре Шилегов, пишува порталот.

Од кусото истражување кое може да се направи на интернет, може да се види дека има совпаѓање на имињата кои се предложени за членови на надзорни и управни одбори со партиски активисти на СДСМ, иако со стопроцентна сигурност не може да се каже дека се работи за иститие личности пред се поради тоа што СДСМ, Шилегов и Јанчева не ги даваат потребните информации, постои голема веројатност да се работи за истите личности.

Па така на списокот за членови на Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена се најдоа и имиња како:

Љупчо Јаневски, чии генералии се совпаѓаат со новиот директор на агенцијата за туризам, кој доаѓа од партијата ДОМ.

– Благој Зашов кој е екс амбасадор, поранешен пратеник и член на НСДП

– Во истиот управен одбор е назначена и Виолета Трпчевска – член во централен одбор на СДСМ

– Назначен е и Шукри Муртези кој работи во министерство за внатрешни работи што укажува дека никако не може да има потребно три годишно искуство од областа на зеленилото и зелените политики.

За членови на УО на ЈП Водовод и канализација Јанчева ги предложи а мнозинството на СДСМ ги гласаше:

– Александра Ѓурчиновска од чиј фб профил може да се види дека ревносно објавувала дека ќе дојде живот во Македонија.

– Во истиот управен одбор назначена е и Љубица Панова која е дел од кабинетот на Петре Шилегов

Тука е и Елена Манчева која е кабинетски службеник за ИТ поддршка кај министерот Манчевски.

-За член е назначена и Марија Антова при што на ФБ профилот може да се забележи како е во друштво на градоначалникот Шилегов.

– Во одбор на ЈП Паркови и зеленило е назначена и Даниела Николова – аткивист на СДСМ

– Во истиот управен е и Горан Петрушев кој може да се види во друштво на премиерот Зоран Заев

– За член на истиот одбор е назначена и Кристина Пеповска, активист и член на СДСМ од Ѓорче Петров за која своевремено имаше скандал дека еработи во кабинетот на привремената министерка Фросина Ременски без да биде официјално пријавена.

– Тука е и Горан Зивосовски кој е во друштво на градоначалникот на Бутел Велимир Смилевски.

– Одбор добила и Хатиџе Топали која е член на централен одбор на ДУИ.њ

Во одборот на Улица и Патишта се назначани и Реџеп Сали кој работи во Владата – Секретаријат за спроведување на Рамковен договор и Беким Мехмед кој споделува постери и лобирал за градоачалникот на СДСМ во Шуто Оризари Курто Дудуш.

Во одборот на Музеј на Град Скопје е поставен и Лазо Плавевски кој е карикатурист кој од објавување на карикатури со доле влада и готов си сега ќе одлучува за развој на музејот на град Скопје.

Наташа Симиќ гласала за живот, а сега ќе одлучува за судбината на библиотека Браќа Миладиновци -Скопје

Тука е Љупчо Коскаров кој бил дел од професорскиот пленум

Во управниот одбор на ЈУ Зоолошка градина –Скопје ќе биде и Кан Метуш кого МВР го барала 3 години за да одговара за обид за убиство. За ваквиот предлог Јанчева истакна на седницата дека тоа се случило во 2007та година со што само покажа дека е добро запознаена со биографиите на членовите кои ги предлага.

Во одборот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје –Скопје се назначени и Лилјана Николовска и Радмила Апостоловска Цветковска едната активиста а другата координаторка на форумот на жени на СДСМ од Ѓорче.

Поврзани

Најнови вести

Коментари