Кичевец при чистење на дворот пронашол артилериска граната

Кичевец при чистење на дворот пронашол артилериска граната. Според полицијата, вчера во Полициската станица Кичево, Г.Н.(57) пријавил дека при чистење на дворот од сопствената куќа пронашол една артилериска граната калибар – 110 мм од Првата светска војна. Од страна на припадници на Дирекцијата за заштита и спасување пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари