Каменуван возот од Скопје за Кичево

Патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје–Кичево, кај влезниот сигнал на Железничка станица Радуша бил каменуван од непознати лица. Според полицијата, инцидентот се случил вчера во 17,25 часот.

Притоа било скршено едно стакло од вагон, а повредени патници нема. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари