Измамен скопјанец - платил 400 евра за Цептер, добил тенеке тенџериња

Пензионер од Скопје наседнал на измамата на двајца измамници кои му зеле 25.000 денари за неколку обични тенџериња, информираше МВР.

Скопјанецот Д.Т.(73) пријавил во полицијата дека бил измамен.

Тој на раскрсницата помеѓу булеварот Партизански Одреди и улицата Франклин Рузвелт бил пресретнат од две непознати лица кои биле со автомобил „Хјундаи".

Тие забележале дека старецот пазарел, па се претставиле дека се претставници на фирма која продава кујнски сетови. Тие му понудиле да купи ммногу квалитени производи - тенџериња, актовка со сет ножеви и слично по многу ниска цена. Тој наседнал на измамата и се согласил на понудата. Пензионерот заедно со нив отишле во неговиот дом да земе пари, а истите го чекале пред влез. Тој им дал 25.000 денари, по што двајцата си заминале, а Д.Т. набрзо открил дека тенџерињата воопшто не биле квалитетни и дека бил измамен.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари