Истекува пријавувањето на велосипедскиот караван „Скопје на точак“

Сојуз на спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје во недела во 11.00 часот, го организира велосипедскиот караван „Скопје на точак“ со партнерите „Бајк центар“ и „Пробајк Скопје“.

Учеството е бесплатно и ќе се вози со диктирана брзина од 20 километри на час. За да се вози на велосипед на овој настан секој мора да е пријавен и да го подигне своето стартно бројче. Агендата е:

11:00 – 12:00 поделба на стартни броеви – лепенки за велосипед (пред фонтана Лотос на бул. Илинден)
12:00 Старт на караванот
12:30 Крај на караванот
12:35 – 13:00 Лотарија
13:00 – 13:30 Велосипедски дружења

Стартот на Скопје на точак е од Булевар Илинден кај фонтаната Лотос со правец на движење кон Сити мол. Се врти лево по улица Љубљанска и се вози по ул. Московска до Студентскиот дом Гоце Делчев. Кај домот се врти лево по улица М. Т. Гологанов и се вози право до Католичка црква. Од таму се продолжува по М. Т. Гологанов, па по улица Димитрие Чуповски, потоа право по бул. 11 Октомври до семафорите кај Црвен Крст каде се врти лево по бул. Кочо Рацини. Таму се вози преку мостот по бул. Крсте Петков Мисирков. На семафорите кај Мавровка се врти лево и се вози по бул. Гоце Делчев, преку мостот Гоце Делчев, се приклучува на бул. Илинден и се доаѓа на стартот, кај Фонтаната Лотос во Градски парк.

Пријавувањето е бесплатно на http://www.sportskopje.mk/skopjenatocak и завршува во сабота, 10 ноември во 23.59 часот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари