Има денови кога ти е јасно колку си мал и немоќен

Исповед на Наде од Скопје, и шокот од поплавите во Стајковци

Животот знае да ти удри шамар кога најмалку очекуваш и се надеваш. Големината на човекот е да се соочи со кошмарот и од него да излезе уште посилен. Прочитајте го статусот на Надица од Скопје, која ја загуби својата мајка во поплавите кои се случија пред непони две години во Скопскиот регион:

"Кога ти реков збогум а никогаш не се збогував со тебе" (На мајка ми)

Помнам не спиев повеќе од 72 часа, гледав лред себе подвижни црно бели слики од случувањата околу себе но без тон.

Памтам тогаш примив 1000 куршуми во срце со сечие кажано "Бог да ја прости" , и секој нареден се повеќе ме убиваше и ме туркаше кон бездната...Во умот цело време ми беше врамена една фб објава како слика која никало не ме напушташе-"ЖРТВИ НА КОБНАТА ПОЛАВА" во кое стоеше и твоето име....Кога во мене ми се судрија реалноста која ја читав и потсвеста која ми даваше надеж, како луда ти ѕвонев на мобилен и ти пишував пораки" ниту ми креваше,ниту пак ми пишуваше...

Нажалени погледи вперени бо мене,о Боже како ме убиваа...Имав чувство како на живо да ми го корнат срцето, толку многу што ме болеше.... Паметам немемориран број упорно ми вртеше а кога конечно кренав некој глас ми рече-"Драга пријателке, тргна комбето со телата, жал ми е другарке,издржи" а тоа "издржи" уште толку ми го хранеше гневот..-"кажете како,како да издржам!!!!"- викав на цел глас....

Упорно гледав во испишаниот крст како си го чека својот сопственик,побторувајки си во себе -"разбуди ме Боже од овој проклет сон" Го видов погребното комбе, потрчав за миг кон него, како да си ја чркам мајкаси да доаша од некое патување а не од капела....за миг ми влеа надеж и радост, радоат што ќе ја видам, сеуште не свесна дека мртва ќе ја видам...можеби и свесна но не сакајќи да ја прифатам реалноста....

Два ковчега, две тела, илјадници солзи и еден тон болка....

Зарика камбаната....толку тажно зарика што тој ѕвук трајно ми се врежа во мене....

Ги ставија телата очи бо очи со бога во црква, и тогаш беше најтешкиот момент бидејки требаше да се соочам со фактот дека ти навистина си замина...3 пати замина од мене, но 4виот најмногу ме болеше...

Сите влегоа, а јас чинам некој тегови ми обеси на нозете, не можев ни чекор да направам.... Тешко се движев кружејки позади тебе...со секој направен чекор гледав се повеќе од тоа што никогаш не сакав да го видам... Заспала....мојата мајка заспала за навек...

О боже чинам и господ го чу мојот крик по тебе, чинам и господ ја чу мојата болка... Солзи врнеа како река, додека зборови тешки од душата ми излегуваа...а ти заспана во длабок сон од кој не сакаш да се разбудиш...

Помнам шепотев во себе и завети давав кон кон Бога-" ако те има Боже,стори чудо, нека ги отвори уште еднаш очите да и ги видам, нека проговори гласот уште еднаш да и го чујам, нека подаде раце за прегратка за збогум...."

Течеа солзи и од твоитр затворени очи , како да сакаше нешто да ми кажеш, како да сакаше нешто да ми речеш... "Немој дете!!" -ме преколнуваа да престанам да се убивам од тага, без да знаат колку боли и колку е тешко...

Паметам како дете сакаше секогаш да бидам најдобра и прва во се, и тој ден бев прва мајко, прва во колоната крстот ти го носев, додека молњи силни ми ја дрмаа душата...

Стоев и гледав во црна дупка ....-"ооо душо моја најмила зарем ти го заслужи ова?? Зарем заслужи завет да дадеш за темната земја, зарем заслужи така да заминеш од овој свет???"

"Не си оди мамичке, сеуште ми требаш, и засекогаш ќе ми тррбаш"-, те преколнував плачејки...но залудно....толкава залудност никогаш не сум почувствувала во животот. Неможев да ти се изнагушкам, и не можев да ти се изнабакнувам...збогум засекогаш мамичке мила, ама ден денес не успеав да се опростам и збогувам од тебе.

О боже...илјада пати ја бакнав смртта додека те гледав како те спуштаат...не си оди ,те молам не ме напуштај повторував и повторував и викав и се дерев, и ти пак не ме слушна. -"Полекааа фрлајте ја земјата да не ја боли"

О боже како умирав од секунда во секунда...

И знам со денови блеев во твојата слика, оф како ме болеа тие очи, оф како ме печеше тој поглед...

Најпознатите очи на светот, најпрекрасните очи на светот-мајчините-си заминаа... Таман ќе закрепнев колку да знам за себр, веднаш некој ќе ме прашаше како сум и повтпрно ќе ме потсетеше на тоа што се случи и ќе ме фрлеше во бездната од која едвај успеав малку да подискочам...

Добра сум ќе им речев, ама во себе плачев како дете-ме боли пријатели си велев во себе,толку многу ме боли и никако да стивне, умирам пријаѕели секој ден, умирам без неа"....ама тогаш никој, ама баш никој не знаеше како ми е, сите само можеа да нагаѓаат, а душата ми знаеше како се топев пред светот и во себе...

И недореченостите ме болат, сакав да ти кажам многу, и добро и лошо, сакав исповед да ти кажам, за да си ја олеснам душата, сакав да ти се пофалам и исплачам ама не успеав...не успеав затоа што мислев дека им а време....ама бреме немаше за тебе...

Од тебе остана само спомени, и една мермерна плочи со изрезбани есни мили очи, што кога и да отидам право во мене гледаат и едни зборови камо аманет в мермер изрежано-"најмила мамо, кога тебе те изгубивме-изгубивме се.недостигот по тебе боли до вечноста.останаа само спомените и шепотот низ солзи -" те сакаме мила мамо".....

Ете толку многу болеше и се уште боли...

И сега најверојатно некој ќе праша зошто го објавив ова....за да ви оставам аманет, абер, порака, наравоучение(наречете го како сакате) , секојдневно да им кажуваѕе на вашите ближни колку ги сакате, зошто животот може да заврши во дел од секунда, и да ве болат недореченостите, неискажаната љубов, за да не ве боли што обврските и работата почесто сте ги ставале во преден план отколкј љубените свои....

Тежок беше овој ден. Многу тежок..

Поврзани

Најнови вести

Коментари