Град Скопје ќе потроши преку 20.000 евра за џусеви и газирани сокови

Град Скопје за набавка на сокови планира да потроши преку 20 илјади евра.

На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Град Скопје и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на џусеви и газирани сокови со вредност од 1.271.186 денари.

Пред една недела Град Скопје распиша тендер и за набавка на разни видови кафе со вредност на договорот од 648.169 денари или нешто над 10 илјади евра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари