Град Скопје апелира до граѓаните да ги чистат приодите до нивните куќи

Градот Скопје апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти. На возачите, пак, им препорачува да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите, истите да не паркираат на улиците и булеварите, и да овозможат непрекинато движење на возилата на зимската служба.

Од Градот информираат дека булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Град Скопје се целосно расчистени, а на терен интензивно се работи на чистење на тротоарите и велосипедските патеки од наталожениот снег за да им се овозможи полесно движење на граѓаните.

Во текот на изминатава вечер по скопските улици се фрлени 432 тони сол.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари