Гостиварец ја претепал поранешната девојка

Дваесет и тригодишно момче ја претепало поранешната девојка. Тој ја удирал со тупаници по телото и главата. Повредената била пренесена во болница.

Според информациите на МВР, вчера А.Е.(38) , која времено престојувала во Гостивар, пријавила дека Ј.Х.(23) од село Здуње, гостиварско, со кого била во љубовна врска, физички ја нападнал.

„Ј.Х. истиот ден, во неколку наврати влегол и излегол од нејзиниот стан, во кој живеела под кирија. Околу 18.30 часот ја нападнал додека била пред влезот на станбената зграда, ја соборил на земја и повеќе пати ја удрил со тупаници по главата и телото. Таа била пренесена во гостиварската болница каде ѝ била укажана лекарска помош. Ј.Х. бил повикан во Полициската станица Гостивар“, велат од МВР и додаваат дека по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари