Секој ден, во секој поглед, се повеќе...

Го нема веќе престижниот Карпош, сега е депонија

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Стефан Богоев повеќе од 10 месеци е градоначалник и исто толку време Карпош тоне во ѓубре и смет. Теодора Андоновска вели дека кејот на Вардар е слика за неспособноста и неодговорното работење на Стефан Богоев.

-Во изборната кампања Богоев секојдневно ветуваше чиста животна средина и редовно одржување на комуналната хигиена во Карпош, но откако стана градоначалник се испостави дека тоа уште една од голема лага со која ги изманипулира жителите на Карпош. Богоев уште еднаш го потврди начинот на кој функционира СДСМ, а тоа е едно ветува пред избори, а спротивното го прават кога ќе се дојде на власт. Наместо чиста животна средина, парк и место за рекреација, жителите на Општина Карпош добија голема депонија и упориште на многу болести и зарази, изјави Андоновска.

Таа смета дека очигледно Богоев смета дека сликата за урбана скопска општина како што е Карпош треба да биде општина која е со хигиена на најниско ниво и тоне во ѓубре и смет.

-Недозволиво е во денешно време на само 5-6 километри од центарот на Скопје да имаме диви депонии кои се еколошка бомба и потенцијален извор на зарази. Богоев стана пример за не работа, неспособност и неодговорност. Откако Богоев е градоначалник општината е запуштена и ништо не се работи. Жителите на Карпош во изминативе 10 месеци освен лаги и празни ветувања на Богоев, ништо друго не видоа, изјави Андоновска.

Андоновска кажа дека жителите на Карпош не заслужуваат нечиста општина полна со ѓубре и упоришта на зарази и болести.

-Богоев да се фати за работа и да почне да ги извршува своите обврски како градоначалник, да ги исчисти депониите и да почне да ги реализира ветените работи за почиста животна средина кој што веќе ги вети. Богоев доколку е неспособен и не знае да ги извршува обврските, има некој кој тоа го знае. Граѓаните на Карпош заслужуваат многу подобро!, порача Андоновска.

Поврзани

Најнови вести

Коментари