Гласањето за ДУП-от за „Мајчин дом“ нè однесе во опозиција, рече советникот Стоилов од ВМРО-ДПМНЕ

Нашето изгласување на ДУП-от И10 што се однесува на делот кај „Мајчин дом“ е причина што сме сега во опозиција, рече советникот во општина Аеродром, Климен Стоилов на денешната вонредна седница на Советот посветена на изградбата на зграда кај „Мајчин дом“.

Тој исто така обвини дека актуелниот градоначалник изнаоѓа причини да го спроведе ДУП-от, а јавно говори дека е против тоа.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Јасминка Дамческа, рече дека градоначалникот Марин доколку веднаш по доаѓањето на позиција направел ревизија на ДУП-овите немало да дојде до ваква ситуација. Таа, исто така, му порача на Марин дека на избори ќе биде казнет исто како претходниот градоначалник Ивица Коневски.

Виктор Јованов

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари