Еве што порача Шилегов за нелегалните препродавачи на Бит-Пазар (ВИДЕО)

Град Скопје нема да отстапи во намерата да ги расчисти тротоарите на Бит-пазар од сите препреки што го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот за сите учесници – пешаците, велосипедистите и возачите. Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, нагласија дека со отстранување на нелегалните продавачи на тротоарот кај Бит-пазар, ќе се реши овој долгогодишен проблем.

Тој ги повика продавачите кои овие неколку дена ги блокираат улиците да ја прифатат подадената рака и да продолжат да работат во рамките на Бит-пазар користејќи ги поволностите кои им се овозможуваат.
• Досега остваривме неколку средби со продавачите на дивопоставените тезги кај Бит-пазар. Од почетокот на февруари годинава постојано сме во контакт и остварувавме средби со претставници на тие продавачи. Делевме и летоци со кои информиравме за придобивките што Градот им ги овозможува на тие продавачи. Имавме и заедничка трибина на која присуствуваа градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, претставници од „Скопски пазар" А.Д Скопје и еснафите од Старата скопска чаршија која се одржа во Занаетчиската комора пред повеќе од еден месец. Овозможивме бесплатни тезги за два месеца за продавачите што ќе влезат во пазарот и ќе продолжат да работат на тие тезги. Овозможуваме сите да бидат еднакви, со еднакви услови за работа на пазарот. Отворено кажувам дека еднакво внимание укажуваме за развој на двете страни на Вардар. Правилата и редот мора да важат насекаде – рече градоначалникот Шилегов.
Шилегов објасни дека станува збор за не повеќе од 30 продавачи на дивопоставени тезги на тротоарот на булеварот Крсте Мисирков, кои имаат поволности да добијат бесплатни тезги на Бит-пазар. Во моментов на Бит-пазар има 130 слободни тезги кои можат да ги добијат овие продавачи.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари