Две возрасни и две малолетни лица повредени во сообраќајка

Седумдесет и едногодишна жена се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајка на патот Скопје-Тетово, синоќа по полноќ. Жената била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за понатамошно лекување.

Со телесни повреди се здобил возачот М.Е. (42), кој изгубил контрола над возилото и излетал од патот, како и две деца на возраст од 13 и 15 години.

Од МВР информираат дека на местото на настанот бил извршен увид.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари