Два случаи на „коксаки“ вирус во градинката „Пролет“ во Козле

Надлежните медицински служби преку родителите, ја известиле детската градинка „Пролет“ во oпштина Карпош, која се наоѓа во населбата Козле, дека две деца кои престојуваат во нивната установа се заболени со вирус „коксаки“.

Управата на градинката „Пролет“ веднаш го известила Центарот за јавно здравје, одделението за епидемиологија, по што била извршена дополнителна дезинфекција во групите каде што престојуваат децата, како и во другите простории на објектот.

Како што информираат од општина Карпош, преземени се сите мерки неопходни при вакви случаи. Покрај тоа, превентивно, според Протоколот, специјалист извршил прегледи и врз останатите деца, при што било констатирано дека „коксаки“ вирусот не бил проширен меѓу нив.

Престојот во градинката се одвива без прекин, со вообичаената динамика и без дополнителни препреки.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари