ОД ТРОЈЦА СКУЛПТОРИ

Донирани споменици на Сарафов, Шаторов и Чаулев

Советот на општина Центар се очекува да ги усвои предлог-одлуките за подигање на споменици на Борис Сарафов, Петар Чаулев и Методија Шаторов-Шарло. Споменикот на Борис Сарафов е лична донација од скулпторката Валентина Стефановска, една од најекспонираните во проектот Скопје 2014, а ќе се постави кај новата зграда на МНР.
Скулптурата на Чаулев кој пак бил учител, е донација од скулпторот Миле Брчевски, автор на споменикот на Тодор Александров. И споменикот на Чаулев како и на Сарафов ќе бидат коњаници, изработени во бронза, постаментот ќе им биде висок три метри, а двата споменика ќе бидат пет метри високи. Споменикот на Чаулев ќе се постави на раскрсницата кај булеварите Гоце Делчев и Стив Наумов.
Споменикот на Шарло е донација од Кирил Мукаетов, кој е автор на фонтаните Светци", кои се градат на новиот плоштад кај црквата Света Богородица" во Скопје, а тој ќе биде поставен во близина на мостот Око. Тој ќе биде без коњ поставен само на постамент висок три метри, а бистата 5 метри.

Поврзани

Најнови вести

Коментари