Центар продолжува со акцијата за собирање отпад

Општина Центар продолжува со летната акција за собирање на отпад и расчистување на депониите на територија на општината.

Оттаму преку соопштение испратија апел до грѓаните да ја почитуваат животната средина и да не фрлаат ѓубре и отпадоци на необележани и несоодветни места.

„Службите на општина Центар се веќе на терен и ги расчистуваат депониите, а сите граѓани кои ќе бидат затекнати ќе бидат санкционирани од инспекциите“, се вели во нивното соопштение.

Жителите на општината, додаваат оттаму, исто така можат и да пријават диви депонии или необележани места за фрлање отпад.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари