logo
logo
logo

Беше еднаш у Дивото Скопје

Vecer | 24.02.2021

Беше еднаш у Дивото Скопје

Дефинитивно улица у Скопје се поминуе кога нема коли на видику. Без разлика дал е зелено или црвено најсигурно е да се помине кога нема коли. Тачка. Зато шо се дешава да дремеш на пешачки кога ти е црвено а нема коли, а ко ќе се упали зелено да ти прелета некоја будала поред нос. А дека скопските улици не се више безбедни као некад тоа више и не е некоја новост.

У оваа моја констатација поготово се уверувам увек кога почиња викендот. Тогаш е хаос, ватрене улице, анархија ол овер по Скопски улици.

Се шиба над стотка, се вози у супротен правец, се почесто може да се видат превртени коли од засега непознати причини, собрани столбчиња од некој што изгубил контрола врз возилото од исто така непознати причини, и све друго што го прави Скопје небезбеден град. Меѓутоа се поише сум на мнение дека више нема разлика дал е викенд или работен ден, ова се дешава секојдневно.

А за поминуење на црвено, стоење на зелено, кажуење ефтини прикаски по мобилен док се вози, сечење пуна, неебавање пешаци и точкари на нивна територија, паркирање на тротоар, крадење брисачи, чепкање нос со десна (а требе со лева за да може да се шалта) и за други „ситници“ ич да не прајме муабет. Овие ситници се више секојдневна нормална појава.

.

Па ако на ова додадеме и тепачки, напади, грабежи, палежи и икс други криминални дејанија, ќе може да констатираме уште една работа, а тоа е дека Скопје се поише заличува на див запад.

Џандар можеш да видиш само на кратко, обично кога пишуваат казна за погрешно паркирање и при увид на некоја сообраќајка, после кое одма се повлекуваат у своите јазбини. Не сум можел ни да предпоставам дека некад ќе дојде време да се зажелиме да видиме џандар на улица.

Затоа слободно можеме да констатираме и трета работа, а тоа е дека МВР не функционира како што треба и аедно со судството се убедливо најлоши институции.

Ниту прошлиот министер не беше на висина на задачата, а еве сега гледаме дека и со новиот технички министер нема никакво подобрување, односно хаосот си останува и се продлабочува. Не го бива и него и чисто сумњам дека нешто ќе се промени на боље.

Затоа ова министерство осим што се справува со предизвиците не би било лошо да почне да се справува и со криминалот. Али за некад да речеме дека све ова погоре кажано се дешавало у дивото Скопје ќе треба прво у министерската фотеља да седне стварно способен чоек за да го среди тој хаос. Не е секој роден за министер. Има ли таков чоек у Македонија?

А до тогаш Скопје како нормален град може да го гледаме само на стари слики.

skopski.blogspot.com

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk