Акција за чистење на општина Карпош

Општина Карпош се приклучува кон иницијативата за одбележување на Светскиот ден на чистење – 15 септември. Станува збор за глобална акција во која се вклучуваат милиони волонтери, граѓани и општествено одговорни субјекти од 150 земји. Оваа година, локалната самоуправа ќе спроведе акција за темелно чистење на целата општина. Покрај комуналните служби, кон акцијата ќе се приклучи и општинската администрација, општинското раководство и членовите на Советот на општина Карпош.

Општина Карпош ги повикува и сите граѓани, организации, компании и општествено одговорни субјекти да се приклучат кон оваа еколошка акцијата. На 15 септември, со почеток во 09 часот, сите заинтересирани граѓани ќе може да се приклучат на некои од следниве собирни места – пунктови:

Карпош 1 и Карпош 2 (собирно место кај Полициска станица – Карпош, ул. Иван Аговски;
Карпош 3 и Карпош 4 (позади Skopje City Mall на ул. Манапо;
Влае 2 (кај спортските игралишта – до мостот Обединети нации;
Нерези (кај автобуската постојка на послецна 57 – ца);
Тафталиџе 2 (кај основното училиште Братство, ул. Московска б.б.);
Тафталиџе 1 (кај основното училиште Јан Амос Коменски, ул. Варшавска бр.23);
Козле (кај основното училиште „Владо Тасевски”, ул. Миле Поп Јорданов бр.74);
Платото на Млечен (кај Ли кафе);
Кеј на Вардар (на патеката под хотелот Александар Палас).

Општина Карпош ќе обезбеди соодветна опрема за чистење за сите граѓани кои ќе учествуваат во оваа акција (ракавици и кеси за отпад).

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари