Сериозна состојбата на браната кај Пишица

Состојбата со Пишичка брана е сериозна, а во меѓувреме евакуирани се стотина жители на селото Пишица и нивниот добиток, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денеска ја виде на самото место состојбата со браната во близиниа на селото Пишица која е веќе оштетена, а водата се слева во Брегалница и во Злетовска Река.

- Испусниот вентил е отворен, браната во наредните седум дена ќе се празни по што ќе следува и нејзина санација, рече Јанакиески, кој во Пишица беше придружуван од државниот секретар во Министерството за животна средина Соња Лепиткова, директорот на Центарот за управување со кризи Зулфи Адили и градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски.

Стручни екипи, додаде Јанакиески, треба да утврдат колку ќе чини целосна реконструкција или изградба на Пишичка брана.

Градоначалникот Тоневски рече дека во општината се отсечени три села бидејќи се урнати мостовите кои ги поврзуваат со Пробиштип и Злетово.

Штети од поплавите има и во кумановскиот, струмичкиот, радовишкиот и штипскиот регион каде што се поплавени куќи, урнати мостови, а се отсечени и неколку села.

Најнови вести

Коментари