СУДЕЊЕ ЗА ТЕНКОВСКИТЕ ДЕЛОВИ

Оружјето од Бродец од конфликтната 2001 година

Во скопскиот кривичен суд вчера продолжу постапката против ексминистерот за одбрана Владо Бучковски, Методи Стамболиски, Нелко Менкиновски, Ацо Ѓурчевски и Митре Петковски. На петмината им се суди за злоупотреба на службената положба и овластување, односно за набавката на резервни делови за армиские тенкови.
На вчерашниот главен претрес сведокот Милисав Таштановски, раководител на Сектор за разузнавање и контраразузнавање говореше за конфликтната состојба 2000 и 2001 година. Според сведокот, оружјето кое беше запленето во неодамнешната акција на полиција во Бродец е оружјето кое ОНА го пренела на Косово и кое не е предадено во акција за доброволно разуружување. Сведокот Магдалена Несторовска, државен советник во МО, вели дека во Министерството недостасуваат документи кои се однесувале на набавката. Никола Петровски, раководител во финансискиот сектор во МО, вели дека документите кои се однесувале за набавката на резервните делови биле евидентирани со посебна шифра, односно набавка при конфликтна состојба.

(К.Ѓ.)

Најнови вести

Коментари