Ограбени три цркви во тетовско и кичевско

Во текот на изминатите два дена ограбени се три цркви во тетовско и кичевско, соопшти Министерството за внатрешни работи

Непознат сторител извршил кражба во црквите "Св.Илија" и "Св.Ѓоргија" во село Непроштено, тетовско, при што се одземени вкупно 260 денари и една рачна косачка. Имено, од страна на сторителот во двете цркви насилно е отворена влезната врата, извршено е пребарување, а откако ги одзел парите и косачката, избегал.

Третата кражба се случила во село Тајмиште, кичевско, во црквата "Св.Петар и Павле", при што се одземени пари, чиј износ дополнително ќе биде утврден. Имено, сторителот со употреба на подесен предмет насилно ја отворил влезната врата од црквата, влегол внатре, извршил пребарување, а откако од фиока ги одзел парите, се оддалечил во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Најнови вести

Коментари