Ограбени две цркви - сторителите избегале

Непознати сторители ограбиле две цркви од кои успеале да украдат пари, икони, монети и крст.


Во периодот од 30 април до 5 мај во село Сопотница-демирхисарско, во црквата "Св.Никола", непознат сторител извршил тешка кражба, и успеал да украде 5.500 денари и сребрен крст. Сторителот го скршил цилиндарот на влезната врата од црквата, насилно влегол внатре и ги одзел парите и крстот.

Увид на местото извршила екипа на СВР-Битола и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителот.

Во петокот околу 12 часот било пријавено дека во периодот од 18 часот на 4 мај до моментот на пријавување, во село Прострање-кичевско во црквата "Св.Никола", непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел три ненумерирани икони и неколку железни монети.

Сторителот ја скршил влезната врата од црквата, влегол внатре и ги одзел иконите и монетите. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица-Кичево и во тек се мерки за пронаоѓање на сторителот.

Најнови вести

Коментари