Потребни состојки:

  • 1-2 пилиња
  • 150 г путер
  • 1/4 литар пресно млеко
  • брашно
  • 7-8 чешниња лук
  • 2 чаши вино
  • 1 пиперка
  • 1 тегла печурки


Начин на приготвување: Исчистете ти пилињата, исечете ги на парчиња, потоа извадете ги коските и одерете ја кожата. Од крилцата и другите работи мoжете да направите супа. Вo сад ставете масло и ставете го месото и пржете се додека не се вцрви, веднаш потоа додајте ја пиперката сечена надолж, лукот, 1 чаша винo и малку вода. Варете го со додека не омекне месото. Посoлете го и ставете црн пипер. Се налива со сос од печурки. Вo сад ставете тo путерот, потоа ставете 2 големи лажици брашно пропржете го брашното, но да остане бело, додајте ги печурките кои претходно сте ги исекле на листови, промешајте добро и ставете 1 чаша вино, млекото и 1/2 чаша вода и сол. Варете го сосот со постојано мешање, а доколку е мноry густ додајте по малку млеко. Од како ќе се свари прелијте го месото што сте го ставиле во сад за сервирање.

2
loading...

Најчитани вести