Џон Сато, 95-годишен ветеран од Втората светска војна, се најде на насловните страници на светските медиуми откако во неделата беше снимен од објективите на познатите фоторепортери како гордо чекори по центарот на улицата во Окленд, Нов Зеланд, каде што се одржуваше протест против расизмот. Тој чекореше додека го придржуваше полицаец од едната страна, а друг човек го држеше за левата рака. Сато беше облечен во сиви панталони и сини палто. Тој морал да патува долго, да смени дури четири автобуси за да присуствува на митингот против расизмот што се одржа во центарот на Окленд во неделата.

Неговото патување и присуство на митингот станаа симбол на емоциите што се излеаја на улиците во Нов Зеланд откако вооружен напаѓач уби 50 верници во две џамии во Крајстчерч.

Сато се појави страниците на Гардијан, меѓу најдобрите фотографии од целиот свет. Тој беше цитиран во Нов Зеланд Хералд – еден од најголемите весници во земјата.

За Сато, патувањето било лично. Тој за Радио Нов Зеланд изјави дека е длабоко погоден од пукањето – најлошиот акт на тероризам во историјата на земјата – којшто се чини дека е мотивиран од длабок страв и омраза кон муслиманите. Хоророт беше емитуван во живо на Фејсбук.

извор: Makfax

24
loading...

Најчитани вести