Пентагон го одобри трансферот на една милијарда долари за воените инженери кои ќе го градат дел од ѕидот на границата на Соединетите Американски Држави (САД) и Мексико, најави министерот за одбрана, Патрик Шанахан.

Тој ги овласти инженери да се започнат со планирање и извршување на проектот за изградба на 98 километри долгата ограда на границата со Мексико, за поправка на сообраќајниците и за осветлување во областите Јума и Ел Пасо.

Како што јави Ал Џезира Балканс, во објаснувањето се наведува терминот ,,ограда”, а не ,,ѕид”, како што досега најавуваше претседателот Доналд Трамп.

Изградба на ѕид на границата меѓу двете земји е едно од најважните ветувања на Трамп во предизборната кампања, додека демократите се противат на таа идеја.

По неколкунеделна битка на оваа тема, републиканците и демократите се согласија на компромисно решение, со коешто на Трамп му беше овозможено да најде 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот. Конгресот се обиде да го блокира прогласувањето вонредна состојба, но Трамп одговори со вето, за првпат за време на неговиот мандат.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести