Министерот за заштита на животната средина во Србија, Горан Триван рече дека во земјата се размислува за можноста за забрана на увоз на возила постари од 10 години, истакнувајќи дека Србија станува ,,гробница” за воизла од Европа и дека е време да се поведе сметка за секој сегмент од загадувањето.

Во последниве години стануваме гробишта на возила од Европа и не постои причина сами да се согласиме на тој вид на загадување, без оглед на интересите. Не постои причина за увоз на возила постари од 10 години”, рече министерот и потсети дека во Србија минатата година се увезени околу 180.000 половни возила.
         
Министерот рече дека за шест месеци или една година возила со ,,еуро 4″ мотори ќе чинат како оние сега со ,,еуро 3″, додавајќи дека тој не се согласува со коментарите дека луѓето нема да имаат пари.
         
Тој рече дека и со премиерката Ана Брнабиќ разговарал за воведување на субвенции за електрични возила и дека ќе даде се од себе од идната година да ги има.

извор: Makfax

3
loading...

Најчитани вести