Премиерот Зоран Заев во однос на претседателски избори кажа дека се плаши опозицијата да не бојкотира.

Тој изрази поддршка за Стево Пендаровски и верува во негова победа.

Од друга страна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде победник на претседателските избори. Според него, нејзината победа ја плаши власта, па затоа кажува дека е можен бојкот од страна на опозицијата.

Мицкоски побара фер и демократски избори, а не процес како што беше за време на неуспешниот референдум, каде гласачи гласаа за две секунди на исто избирачко место.

Според Заев, Мицкоски не повикува јасно да се излезе на гласање на избори. Тој повтори дека изборите треба да се фер и демократски за кристално чисто да победел Стево Пендаровски.

Лидерот на опозицијата уште еднаш ги повика граѓаните, во двата круга, да излезат на избори и да ја поддржат Силјановска.

Премиерот рече дека ако Пендаровски не победи на изборите, ќе се отвори прашањето за предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата.

1
loading...

Најчитани вести