- Апелирам до граѓаните да излезат во двата круга и да гласаат за својот кандидат, изборите да бидат кристално чисти. Очекувам лидерот на опозицијата да каже дека е против бојкот, дека е за кристално чисти избори и очекувам победа на Пендаровски со повеќе гласови над Силјановска. Се друго е враќање кон минатото, блокади на државата, поочи Заев, кој надополни дека се плаши опозицијата дека може во одреден момент може да донесе одлука за бојкот.

Титеравење е да не се повикаат сите наши граѓани да излезат, во спротивност повторно ќе имаме блокади. Треба лидерите да повикаат на гласање, со сите механизми гарантирам, дали може да ги повикаме сите да излезат? Кристално чисти избори, па победа на Пендаровски, изјави Заев.

- Ако не победи Стево Пендаровски, тоа дава кредибилитет на опозицијата да се оди на предвремени парламентарни избори. Ако Силјановска изгуби, Мицкоски да си поднесе оставка, праша Заев. 

- Ќе ве победам на следните предвремени парламентарни избори ако останете на тој став после претседателските избори, изјави Мицкоски.

 Силјановска победува на овие избори, тоа му е јасно и на Пендаровски и затоа кај нив се слуша опцијата за бојкот и да предизвикаат дополнителна криза во државата. ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата за подобра Македонија застана зад Силјановска, таа е идниот претседател на државата.

ВМРО-ДПМНЕ не размислува на бојкот ако има кристално чисти избори. На референдумот се гласаше со над 90% за 2,4 секунди по лице. Ние не зборуваме за бојкот, туку демократско право да биде остварено правото на гласот. Европска вредност не е гласање од среден век. Ако тоа се случи повторно, вие како граѓанин ќе останете рамнодушен на тој процес? Како претседател на ВМРО-ДПМНЕ нема да повикам на бојкот, посочи Мицкоски.

Граѓаните да излезат и во првиот и вториот круг да гласаат, а ќе победи Силјановска, порача Мицкоски.

1
loading...

Најчитани вести