Лидерот на опозицијата Христијан Мицскоски рече дека не го поддржуваат Договорот на СДСМ и Зоран Заев со нашиот јужен сосед.

Со тој капитулантски договор се одрекуваме од себе си, истакна Мицкоски и изрази незадоволство од содржината на договорот.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е за договор со Грција, но не ваков каков што е сегашниот.

– Според овој договор ние сме како во резерват. – потенцира Мицкоски.

 

– Каков е јазикот што го зборуваат луѓето во Воден, а е различен од грчкиот? – праша Мицкоски.

Лидерот на опозицијата кога започна да ги обезличува тврдењата на премиерот, Заев започна да му упаѓа во збор.

2
loading...

Најчитани вести