Владата на денешната седница даде позитивно мислење на иницијативата на група пратеници за автентично толкување на член 115 од Законот за данок на личен доход.

Според предлагачите на барањето за автентично толкување, одредбите од овој член предизвикуваат различни толкувања и примена и ги става во различна положба здруженијата на граѓаните и фондациите како даночни обврзници пред Управата за јавни приходи, а кои произлегуваат од Законот за здруженија на граѓани и фондации и од Законот за персонален закон на доход.

Со ова ќе се оневозможи различните толкувања да ги ставаат институциите во функција на политички притисоци врз граѓанскиот сектор, нешто што беше пракса за време на претходната влада.

Воедно, ова автентично толкување ќе овозможи непречено практицирање на слободата на здружување и на дејствувањето на граѓанските организации и ќе обезбеди исправање на неправдата нанесена врз граѓанските организации кои беа предмет на интензивни даночни инспекции во периодот на претходната Влада.

извор: Makfax

1
loading...

Најчитани вести