Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Пехчево И.П.(45) поради „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Како што информира МВР, во текот на 2016 година тој како градоначалник на Општина Пехчево, спротивно на Законот за јавни набавки, во 13 наврати донел решенија за исплата на парични средства на здружението за културни дејности „Млади во движење“ – Пехчево, со што се стекнало со противправна имотна корист од 1.091.650 денари на штета на буџетот на општина Пехчево.

(makfax)

1
loading...

Најчитани вести