Јемен се соочува со огромен пораст во бројот на заболени од колера оваа година, при што само во опследните две недели 1.000 деца дневно се разболуваат од болеста.

Досега се регистрирани повеќе од 120.000 случаи, со 234 смртни случаи во земјата. Речиси една третина од сите случаи документирани помеѓу 1 јануари и 22 март се деца под петнаесет години. Зголемените стапки на неисхранетост кај децата во Јемен ги прави уште посклони заразување и умирање од болеста, пишува „Гардијан“.

Неодамнешниот пораст во бројот на случаи најмногу се должи на неодамнешните дождови, велат од Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања.

„Ситуацијата е влошена од слабото одржување на системите за отстранување на отпадни води во многу погодени области, употребата на контаминирана вода за наводнување и движењето на населението“, нагласуваат тие.

Во последните две недели се регистрирани 40.000 нови случаи, што претставува пораст од 150 отсто во споредба со претходниот месец.

Организацијата „Да ги спасиме децата“ (Save the Children) ја нарече ситуацијата „алармантна“, а нејзиниот директор за Јемен истакна дека „епидемијата на колера ќе биде уште еден убиец на децата кои се изгладнети и ослабени од четиригодишната војна“.

Тој додаде дека најголемата трагедија е што болеста може да се спречи со чиста вода за пиење, но поради условите многумина се принудени да живеат во несанитарни услови за да избегаат од војувањето. Тој ги повика двете страни во конфликтот што побрзо да постигнат мирно решение во име на овие деца.

извор: Makfax

10
loading...

Најчитани вести