Стефан Петревски е дваесетгодишно момче со позитивен дух и насмевка и соништа кои му се остваруват. Навидум не се разликува од своите врсници. Сака се што сакаат и младите луѓе на негова возраст. Веслање, ноќен живот, излегувања, девојки. Но најмногу од се сака математика, вели тој.

Во моментов е меѓу петте студенти од Македонија кои ја имаат привилегијата да студираат на еден од најдобрите светски универзитети, Оксфорд. Себе си се гледа како човек на кого математиката ќе му биде главна преокупација во животот, а иако го пропатувал светот, вели дека знаењето планира да го донесе во својата Македонија.

Приказната за Стефан започнува во основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци каде всушност осознава дека математиката ќе му биде ѕвезда водилка во животот.

Од основното училиште всушност почнуваат и ситеуспеси по натпревари за математика благодарение на кои добива и целосна стипендија од средното меѓународно училиште „Нова“.

Во втора година средно веќе бев подготвен за нови предизвици. Дознав за меѓународната програма на Светски обединети колеџи. Тоа е посебен модел на оперативно образование. Бев подготвен и сакав да видам нешто ново. Се брзо се случи. Аплицирав и добив стипендија и преку Македонскиот национален комитет од кој сега јас сум дел завршив како дел од програмата на 16 години во Канада“, вели Петревски.

Целта на оваа програма е во мало школо од 150 деца да се соберат што повеќе држави. Кај мене имаше 85 националности од исто толку држави. Училиштето беше во Британска колумбија, на марина во Тихи Океан со триесетина професори каде функциониравме сами за себе. Училиштето беше како големо село само за себе. Еден час пешки бевме од најблиското село.

Тука останав две години од каде потоа дојде Оксфорд. Конкурирав на петнаесетина универзитети во Америка и Англија, но желбата ми беше Оксфорд и математика, вели Петревски.

Извор: skopjeinfo.mk

2
loading...

Најчитани вести