Вчера националниот совет на Швајцарија гласаше за криминализирање на хомофобични и трансфобични дела и нивно казнување со казна затвор до три години. Советот гласаше со 118 гласови за и 60 гласови против, да се воведе казна затвор за овој чин.

Останува предлогот да биде усвоен од Советот на држави за и официјално да стане закон.  Националниот советник, Матијас Рејнард, кој го поднесе предлогот на „Твитер“ напиша: „Националниот совет ја прифаќа мојата парламентарна иницијатива против хомофобијата и трансфобијата! Прекрасен успех за човековите права! Конечен одговор во декември во Советот на држави“.

Рејнард рече дека одлуката на швајцарскиот парламент е одлична вест бидејќи испраќа многу моќна порака: хомофобијата не е мислење, туку е кршење на законот. Тој дополни дека додека работел на овој закон, дознал дека швајцарската судска пракса не казнува ниту омраза или говор на омраза кон ЛГБТ луѓето.

извор: Makfax

47
loading...

Најчитани вести